Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку Службата за човечки ресурси за потребите на Секторот за работа со правни лица, Служба за
SME клиенти, објавува

ОГЛАС

за ангажирање еден (1) извршител на работното место

Самостоен стручен соработник 1 за
SME клиенти

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Економски факултет;
  • Работно искуство во банкарството во делот на работа со правни лица (корпоративно кредитирање);
  • Добро познавање на целокупното банкарско работење, многу добро познавање на финансиската анализа и процена на бонитетот – кредитоспособноста на претпријатијата, анализа на финансиски показатели;
  • Англиски јазик;
  • Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office);
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;

Работни задачи и одговорности на работното место:

  • се грижи за остварување на поставените цели и зголемување на портфолиото на клиенти на Банката,
  • се грижи за коминтентите, другите служби во Банката и претпоставените да ги добијат потребните информации на време,
  • аналитичен, доверлив и чесен,
  • добри комуникациски вештини, професионален пристап кон работните задачи,
  • дава предлози за нови производи,
  • активно контактирање со сите клиенти,
  • анализира кредитни барања, оценка на обезбедувањето, во согласност со политиките и процедурите на Банката,
  • ги следи пласманите и подмирувањето на обврските на клиентите,
  • го следи исполнувањето на планот, резултатите од работењето и споредбата со планските задачи;

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место на локација во Скопје со договор на неопределено време и полно работно време.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на македонски јазик, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот односно до конечно пополнување на позицијата на следнaта адреса: hr@stbbt.com.mk со назнака во Subject „За самостоен стручен соработник 1 за SME клиенти“.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Стопанска Банка а.д. Битола и истите да бидат зачувани во дата базата на Банката во наредната 1 година од денот на испраќање.
**Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта hr@stbbt.com.mk

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Одделение за сметководство и известување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 2 (два) извршители на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник), во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Прилеп, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно