Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје за своите потреби објавува оглас за вработување на:

Аналитичар/Програмер

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Познавање и/или искуство во развој на софтвер со помош на Microsoft Visual Studio во програмските јазици VB.NET или C#
  • Познавање на работа со бази на податоци (пожeлно Microsoft SQL Server)
  • Познавања од администрација на веб сервиси (MS IIS) и оперативни системи (Windows клиент/сервер), мрежни уреди, свесност за сигурносни контроли (криптографија, антивирус, firewall, итн.)
  • Ке се смета за предност познавање на Microsoft .NET за развој на Web и Desktop апликации, ASP.NET, Win Forms, WCF, WPF, HTML, CSS, MVC, JavaScript, IIS, Git, TFS, COM+, PKI, итн.
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника (поседување на соодветни сертификати ќе се смета за предност)
  • Со или без работно искуство
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик 

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Работното време е  8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00 часот до 9.00 часот и крај од 16.00 часот до 17.00 часот. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, аплицирајте со поднесување на Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail:  human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. 

Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место „Раководител на Службата за кредитен ризик и кредитни операции“ во Скопје на неопределено време. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно