Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска Банка АД Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ групација објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Соработник за изработка на проценки

Дирекција за проценки

Врши проверка на сопственичка и техничка документација за недвижен имот, предмет на проценка. Врши теренски увид на лице место на недвижниот имот, регистрира податоци за имотот кој е предмет на проценка и обезбедува фото документација од истиот. Го следи и анализира локалниот пазар на недвижен имот и подготвува извештаи за проценка на недвижен имот.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

– Дипломиран градежен инженер, Дипломиран архитект или Дипломиран геодет

– Со или без работно искуство во областа

– Активно познавање на англиски јазик

– Познавање на работа со компјутери

– Возачка дозвола од Б категорија

Лични карактеристики:

  • Динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 25.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Пополнете ја апликацијата на интернет страницата на Банката или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.03.2019 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295- 277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange