Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопјечленка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С И за прием на работници во Скопје:

Администратор на бази на податоци и апликации и Аналитичар / програмер во Сектор за информатичка технологија

Кандидатот за позицијата Администратор на бази на податоци и апликации треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Искуство во дизајн, имплементација и одржување на бази на податоци на Microsoft SQL Server, вклучувајќи и безбедност, изработка на извештаи, процедури, решавање на проблеми со апликации и интерфејси, поддршка на крајни корисници;
  • Познавање на системска администрација на Microsoft платформа, Linux/Unix како и на повеќе различни бази на податоци ќе се смета за предност;
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника;
  • Работно искуство од најмалку 2 години;
  • Одлично познавање на англиски јазик (поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност).

Кандидатот за позицијата Аналитичар / програмер треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Познавање и/или искуство во развој на софтвер со помош на Microsoft Visual Studio во програмските јазици VB.NET или C#;
  • Познавање на работа со бази на податоци (пожeлно Microsoft SQL Server);
  • Познавања од администрација на веб сервиси (MS IIS) и оперативни системи (Windows клиент/сервер), мрежни уреди, свесност за сигурносни контроли (криптографија, антивирус, firewall, итн.);
  • Ќе се смета за предност познавање на Microsoft .NET за развој на Web и Desktop апликации, ASP.NET, Win Forms, WCF, WPF, HTML, CSS, MVC, JavaScript, IIS, Git, TFS, COM+, PKI, итн.;
  • ВСП – факултет за информатичка технологија или електротехника (поседување на соодветни сертификати ќе се смета за предност);
  • Со или без работно искуство;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Лични карактеристики на кандидатите:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8:00ч до 9:00ч и крај од 16:00ч до 17:00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите на веб страница на Стопанска банка АД Скопје, преку e-mail:human.resources@stb.com.mk, или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Аплицирајте најдоцна до 04.03.2019година.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange