Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје објавува

ОГЛАС

за вработување на работник на работно место Инженер во Дирекција за проценки и техничка поддршка (1 работно место)

Врши проверка на сопственичка и техничка документација за недвижен имот, предмет на проценка. Врши теренски увид на лице место на недвижниот имот, регистрира податоци за имотот кој е предмет на проценка и обезбедува фото документација од истиот. Го следи и анализира локалниот пазар на недвижен имот и подготвува извештаи за проценка на недвижен имот.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

– Дипломиран градежен инженер;

– Со или без работно искуство во областа;

– Активно познавање на англиски јазик;

– Познавање на работа со компјутери;

– Возачка дозвола од Б категорија.

Лични карактеристики:

  • Динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Одлични организациски и комуникациски вештини;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува основна плата во месечен нето износ од 25.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb или Вашето CV (кратка биографија) на македонски или англиски јазик да го доставите во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје, со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.06.2018година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295- 277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Повеќе

Банки

Комерцијална Банка АД Скопје вработува!

Објавено

на

Комерцијална Банка АД Скопје објавува Оглас за избор

на Директор (Менаџер) на Филијала (лице со посебни права и одговорности) во Комерцијална Банка АД Скопје – Филијала Битола, со мандат од 2 години.

Потребни квалификации и способности:

  • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или пост дипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
  • Работно искуство од најмалку 6 години,
  • Пожелно, но не задолжително искуство од работење во банка во Р. Македонија,
  •  Познавање на прописите од областа на банкарство и/или финансии,
  • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
  • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
  • Менаџерски и лидерски способности,
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

Работното време:  40 часа неделно од понеделник до петок.

Почетна основна нето плата  56.160,00 денари

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми потребно е да пратат кратка биографија (CV),  мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, Ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: “Oглас за вработување во Филијала Битола”

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје има потреба од Стручен соработник за одржување на софтверски решенија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

Стручен соработник за одржување на софтверски решенија, Дирекција за развој на софтверски решенија, Сектор за организација и ИТ
(позиција во Централа – Скопје, неопределено време со вклучена пробна работа од 6 месеци)

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • ВСС, Акредитирани високообразовни институции во РМ;
  • Електротехника, информатика, математика или други несродни насоки во случај на
    соодветно работно искуство;
  • 2 години работно искуство во областа на информационата технологија, искуството со
    банкарски информациски системи се зема како предност;
  • Добро познавање на информационата технологија, Microsoft сертификати рамковно
    познавање на банкарското работење;
  • Англиски – солидно познавање, читање и пишување;
  • Познавање на основните методи и техники за програмирање и организација и
    моделирање на податоци;
  •  Напредно познавање и искуство во одредени технологии за програмирање, рамковно
    познавање на севкупниот ИС на Банката;
  •  Комуникациски способности, способност за координација со останатите организациони делови во Банката, иницијативност, тактичност, креативност, доверливост.

Опис на работно место/одговорности:

  • Решавање на конкретни задачи кои се однесуваат на одржување и мониторинг на
    постоечките решенија;
  • Основна цел е креирање на софтверски решенија кои ги исполнуваат барањата на
    корисниците во договорените рокови, односно правилно функционирање на постоечките апликативни решенија и решавање на евентуални проблеми во работењето без нарушување на бизнис процесите;
  • Ги анализира барањата за промени во апликацијата и ги обезбедува потребните влезни
    податоци;
  • Им помага на корисниците во совладување на оперативни информатички проблеми (како второ ниво на поддршка после ИТ хелп деск);
  • Активно учествува во изработка на плановите за развој на барањата за промена на
    апликативните решенија (CR Мanagement);
  • Го спроведува развојот на барањата за прилагодување на функционалностите во
    апликативните решенија (CR,MZ,SIR), и следење на нивната реализација во рамки на
    информациониот систем;
  • Одржување на софтвер: следење на работата и мониторинг на системот, промени во
    софтверот согласно дефинираните стандарди, потреби и утврдени недостатоци, фабричко тестирање и корекција на грешки откриени во текот на фабричкото или корисничкото тестирање;
  • Спроведување на процеси и процедури поврзани со процесот на тестирање на развиените софтверски решенија;
  • Изработка на концептот и сценарија за тестирање, организација, координација и
    реализација на тестирањата;
  • Активно истражува и предлага примена на нови технологии / решенија во својот домен на работа, учествува во планирањето и изработката на стандардите за програмирање;
  • Ги анализира постоечките процеси од доменот на сопствената одговорност и дава предлози за редизајн / оптимизација на процесите и апликациите во соработка со сопствениците на процесите.

Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата 40.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 27.06.2018 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка вработува IT Security Engineer (Инженер за информатичка сигурност)

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange