Connect with us

Компании

Оглас за вработување во СН Осигурителен брокер АД Битола

Објавено

на

Бидете дел од најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување – СН Осигурителен брокер АД Битола.

Позитивните резултати, што СН Осигурителен Брокер АД Битола ги постигнува години наназад, од 2014 па се до оваа тековна 2020 година се одраз на експертизата и балансираното управување со фирмата, посветеноста и придонесот на нашиот тим е главната причина за нашиот успех. Пријатната и пријателска атмосфера која што владее меѓу нашиот тим и тимското целење кон тоа да им ги нудиме на клиентите најдобрите и најповолните услуги на најдобар можен начин е она што го согледуваат клиентите во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Доколку сметате дека можете да допринесете и да станете дел од успешниот тим на СН Осигурителен брокер АД Битола, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ! 

СН Осигурителен брокер АД Битола има потреба за засновање на работен однос на следното работнo местo:​

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРОДАЖБА
(5 отворени позиции)

​Реон: Oхрид, Неготино, Гевгелија, Кавадарци и Македонски Брод

Како Стручен соработник за продажба кандидатите потребно е да имаат:

  • Стручниот соработник за директна продажба треба да го познава пазарот на осигурување во Република Северна Македонија;
  • Бара и придобива нови клиенти;
  • Врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување;
  • Врши теренско организирање на работата;
  • Врши анализа на портфолио за правни лица;
  • Дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување и се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување;
  • Ги обновува постојните полиси за осигурување;
  • Одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото;
  • Води прецизна евиденција за склучените договори за осигурување и преземените активности во тој дел;
  • Должен е да се обучува за ефикасно извршување на работните задачи на работното место.

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во осигурување-  директна продажба од минимум 1 година;
  • Поседување на брокерска лиценца ќе се смета за предност;
  • Работно познавање во MS Office;
  • Чувство за однос со клиенти;
  • Развиени организациски способности;
  • Возачка дозвола Б категорија.

Услови и бенифиции:

  • Загарантирана бруто-плата;
  • Полно работно време од 40 часа неделно;
  • Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на наопределено време.

Бидете дел од тимот на СН Осигурителен брокер и придонесете во проширувањето на компанијата која е една од најуспешните компании во областа на осигурувањето во Македонија!

Вашата кратка биографија (CV) испратете ја на: kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.

Огласот ќе биде активен до 14.07.2020 година.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

Компании

Оглас за вработување на “System Administrator” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a System Administrator to maintain, upgrade and manage our software, hardware and networks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување на “Administrative Officer” во Panteleon GS

Објавено

на

We are looking for a skilled Administrative Officer to undertake a variety of day-to-day office and clerical tasks. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Хакери украле приватни податоци на повеќе од 3 милиони клиенти на Волксваген

Објавено

на

Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на „групацијата Фолксваген“. (more…)

Продолжи со читање


Популарно