Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Учествува во развивање и имплементирање на годишниот маркетинг план за промоции / кампањи и соработува со маркетинг агенции за имплементација на медиа плановите.
  • Управува со секојдневните активности поврзани со сите маркетиншки активности, вклучително и следење на кампањите и поднесување на извештаи.
  • Учествува во процесите за рекламирање, промоција на производи, работа со трговци и и општествена одговорност и спонзорство.
  • Предлага и учествува во создавањето на производите и услугите за население со цел исполнување на зададените цели на Банката.
  • Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку активна соработка со експозитурите, клиентите и трети страни.
  • Го води животниот процес на производите и услугите и се грижи за унапредување на продажбата на истите.
  • Изработува извештаи поврзани со продажбата и состојбата на пазарот преку маркетинг истражувања за постојните производи во однос на конкуренцијата.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во областа на маркетинг и алтернативни канали на продажба
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Способност за работа во диманична средина и одговорен пристап кон рализација на зададените цели
  • Способност за самостојна работа

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за “референт во Служба за производи и поддршка на продажбата, најдоцна до 27.05.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: privacy@silkroadbank.com.mk

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно