Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа
на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата;
- Ефикасно го врши сето готовинско и неготовинско работење;
- Го следи трезорот на експозитурата за да се осигури дека готовинскиот биланс е точен;
- Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
- Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
- Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања;
- Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
- Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението;
- Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите.
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
- Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на локалниот пазар
- Добро познавање на банкарските производи
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Можност за самостојна работа
- Флексибилност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Скопје” најдоцна до 01.11.2021 година.
Банки
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје


Халкбанк АД Скопје е еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од сопствената визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи банката го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица заинтересирани за работно место Дипломиран Правник – Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје


Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана е како прва банка во државата во 1944 година која ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје