Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ во Служба за производи и поддршка на продажбата.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ги креира и развива производите и услугите од областа на депозитите за население и кредитните производи, предлага нови производи и врши измена на постојните со цел исполнување на потребите на различни пазарни сегменти и максимизирање на профитабилноста
- Го следи напредокот на постојните производи (продажба, трошоци, профитабилност и други), ги споредува резултатите со домашниот развој на пазарот и конкуренцијата, ги информира соодветните единици/органи на банката соодветно и предлага соодветни активности
- Ги следи, собира и елаборира основните податоци коишто се однесуваат на портфолиото на производите, карактеристиките на производите и напредокот на производите/услугите во нивниот животен век, развој на конкурентските производи, нови услуги, политика на цени и промотивни програми како и анализи на условите на пазарот
- Ги собира и процесира информациите за постигнатите резултати
- Ги подготвува и обезбедува годишните таргети за производите и услугите за население и истите ги предлага до Директорот на Секторот за население
- Го подготвува системот за евалуација на перформансите на експозитурите
- На редовна основа изготвува извештаи за активностите на мрежата на експозитури имајќи ги предвид нивните поставени цели и таргети и истите ги доставува до Службата за мрежа на експозитури и соодветните единици на банката
- Ги развива и проширува продажните канали за производите и услугите за население преку градење блиски и продуктивни соработки со експозитурите, клиентите и трети страни
- Во соработка со соодветните Деловни единици на Банката, ги осмислува и спроведува промотивните активности, со цел да се задоволат потребите на различните пазарни сегменти и да се максимизира профитабилноста
- Учествува активно во 5 видови на активности: рекламирање, промоција на производи, работа со трговци, комуникација со корпорации и општествена одговорност и спонзорство
- Го води животниот процес на маркетингот за назначените брендови
- Учествува во развивање и имплементирање на маркетинг планови за назначените брендови
- Функционира како посредник за размена на информации за назначените брендови
- Соработува со широк спектар на функционални области како продажба, оперативно работење и дизајнирање на специфични маркетинг планови за секој назначен бренд (производ)
- Го поддржува развојот на стратегиите за развој на брендот (производите) и маркетинг планот во организацијата
- Изработува брифинзи за поддршка на брендовите (линија на производи)
- Управува со секојдневните активности поврзани со сите маркетиншки заложби, вклучително и следење на кампањите и поднесување на извештаи
- Помага во финансиските проекции и процесот на буџетирање
- Ги управува буџетите и финансиите поврзани со кампањите за брендот (производот)
- Помага во управувањето со агенциите трети страни
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во кредитна анализа и банкарски производи за население
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на локалниот пазар
- Добро познавање на банкарските производи
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Можност за самостојна работа
- Флексибилност
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата” најдоцна до 22.09.2021 година.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје