Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА КРЕДИТЕН РИЗИК во Служба за управување со ризици.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Универзитетска диплома пожелно во банкарство/финансии или друга релевантна област;
  • 3 (три) години работно искуство, по можност во областа на управување со ризици во банкарското работење;
  • Добро познавање на регулативата за управување со ризиците во банкарското работење;
  • Добро познавање на техниките за управување со ризиците;
  • Подготовка на извештаи (регулаторни и интерни) и анализи за управување со ризиците;
  • Спроведување на процесот на класификација на клиентот во категорија на ризик и пресметка на исправката на вредност во согласност со регулативата од НБРСМ;
  • Активно учество во изработката и развојот на интерни методологии, модели и интерни акти во областа на управување со ризиците;
  • Учество во  процесот на проценка, мерење и извештајност на адекватноста на капиталот, согласно на важечката регулатива – адекватност на капиталот, процес на интерен капитал, интерна ликвидност, стрес тестирање;
  • Спроведување на финансиска анализа на клиент и утврдување на кредитна способност;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Активно користење на англискиот јазик.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Одлични аналитички вештини;
  • Одлични организациони вештини;
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака “Референт за кредитен ризик”, најдоцна до 22.09.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци! (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција:

Директор на Дирекција Човечки Ресурси (more…)

Продолжи со читање

Популарно