Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО ОХРИД, во Служба за мрежа на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ги надгледува и координира активностите на банкарските службеници во експозитурата и предлага мерки за нивно подобрување;
- Го поддржува функционирањето на експозитурата во соработка со соодветните единици на Банката со цел да осигури правилно работење;
- Ги постигнува таргетите за пораст на продажбата, приходите и одржување квалитетно ниво на услуга на клиентите;
- Ги спроведува и обезбедува соодветните процеси согласно правилата, политиките и процедурите на Банката;
- Учествува во извршувањето на активностите во рамки на директните контакти со клиентите;
- Се грижи испораката на потребните документи на клиентите до соодветните единици на Банката да се изврши навремено и исправно;
- Дејствува како врска со другите единици на Банката со цел подобро да одговори на потребите на клиентите и да го обезбеди нивното задоволство;
- Го контролира билансот во банкоматите и благајните во Експозитурата;
- Осигурува постојана примена на политиката за спречување на перење пари и финансирање тероризам во секојдневните деловни активности;
- Ги прегледува сметководствените документи во однос на нивната соодветност со клиентските / корпоративните сметки
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома од областа на економија, финансии и банкарство;
- Најмалку 2 години искуство, по можност соодветна раководна позиција во банкарски сектор;
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Добри организациски вештини;
- Високо ниво на комуникациски и преговарачки вештини;
- Одлични продажни вештини;
- Способност да го следи пазарот и да воочува деловни можности;
- Можност за самостојна работа;
- Флексибилност и иницијативност.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака ”Заменик раководител на експозитура во Охрид“ најдоцна до 13.09.2021 година.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје