Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ИНФОРМАТИВНА СИГУРНОСТ во Информативна сигурност.

Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

  • Се грижи за високо ниво на ефикасност на информативната сигурност, со што придонесува за непрекинато работење во областа на информативна сигурност на Банката;
  • Го изработува нацртот, го предлага и после неговото одобрување го следи спроведувањето на акциониот план во неговата област на одговорност, при што придонесува за максимизација на резултатите;
  • Го следи степенот на усогласеност на Банката со регулаторните барања поврзани со информативна сигурност на Банката и заштита на лични податоци;
  • Го следи севкупното ниво на безбедност на Банката, како и нивото на усогласување со Рамката за информативна сигурност на Банката и ги доставува соодветните извештаи до Управниот одборна Банката;
  • Ја администрира и следи инфраструктурата и системите за информативна сигурност на Банката и ги обезбедува релевантните извештаи до Управниот одбор на Банката и Менаџерот. Го следи спроведувањето на воспоставената стратегија за постигнување на нивото на подготвеност во сајбер-безбедносната средина;
  • Се грижи за усогласувања со правилата, прописите и процедурите на Банката;
  • Ги планира, организира, координира и контролира активностите од областа на информативна сигурност и поднесува предлози за подобрување на системите и процесите за информативна сигурност;
  • Ги координира активностите од областа на информативна сигурност со другите организациски / оперативни делови на Банката;
  • Учествува во изработката / набавката на нови информатички системи за Банката и го проверува нивото на усогласување со однапред дефинираните безбедносни барања;
  • Го администрира и го следи системот за управување со настани од информативната сигурност (SIEM);
  • Го администрира и го следи антивирусниот систем на Банката;
  • Го администрира и го следи системот на Банката за антиспам е-пошта и антималициозна заштита на е-поштата;
  • Врши оценка на влијанието врз работата (БИА) на информатичката безбедност во соработка со имателите на информации;
  • Води сметка за постоење на Деловен резервен план и План за закрепнување од несреќи за сите единици на Банката;
  • Врши анализа на ризиците од информатичка безбедност во соработка со имателите на информации и изготвува соодветни планови за третман на ризиците.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на инженерство или компјутерски науки;
  • Минимум 3 години работно искуство во областа на информатичка или ИТ безбедност;
  • Познавање на најдобрите безбедносни практики и безбедносни стандарди;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Добро познавање на оперативните системи Windows и бази на податоци;
  • Добри комуникациски способности;
  • Извонредни аналитички вештини;
  • Флексибилност;
  • Иницијативност;
  • Подготвен да ги почитува и активно да ги поддржува вредностите на Банката.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Одговорно лице за Информативна сигурност”, најдоцна до 31.08.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитура Кавадарци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно