Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува ОДГОВОРЕН РЕФЕРЕНТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања.

Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

  • Да се грижи за усогласувања со законите и прописите со кои се уредува областа на СПП / ФТ и ПСК
  • Да ги гради знаењата и вештините на вработените од областа на СПП и применува процедури за контрола на квалитетот во однос на извршената ревизорска работа.
  • Да ја развива и унапредува методологијата на работа во рамките на својата надлежност
  • Да ги поминува сите ревизии
  • Да се грижи за усогласување со внатрешната (акти, циркулари, упатствата и др.) и надворешната регулаторна рамка (НБРСМ, Министерство за финансии – Управа за финансиско разузнавање)
  • Да ја претставува Банката пред Регулаторните органи (НБРМ, Управа за финансиско разузнавање, Финансиска полиција и комуницира со нив за прашања во негова / нејзина одговорност
  • Да се грижи за правилното спроведување на политиките и процедурите на Банката за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, коишто мора да се усогласени со политиката на Банката и локалните закони
  • Да се грижи Банката да биде сообразна со регулаторната рамка за спречувањето на перење пари и финансирање на тероризам и дава препораки до Раководството за соодветни мерки за СПП / ФТ
  • Да се грижи за доставување на навремени и прецизни извештаи до Управата за финансиско разузнавање за готовински трансакции над законските граници, сомнителни трансакции, заеми, кредити исплатени над законските граници, ад хок извештаи за СПП, ад хок истраги и други активности пропишани со правната рамка

Кандидатите треба да ги исполнуват следните квалификации:

  • Универзитетска диплома во областа на економијата
  • Минимум 3 години искуство во областа на спречување перење пари
  • Сетификат ЦАМС СПП / ФТ издаден од АЦАМС (Здружение на овластени специјалисти за спречување перење пари) ќе се смета за предност
  • Знаење од областа на банкарството
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Соодветни стручни и лични особини
  • Одлични аналитички вештини
  • Одлични организациони вештини
  • Високо ниво на комуникациски вештини
  • Иницијатива и флексибилност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk, со назнака за „Одговорен референт за спречување перење пари” најдоцна до 29.07.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на:

Банкарски службеник (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно