Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата;
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања.
  • Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
  • Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението;
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите.
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
  • Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство;
  • Најмалку 2 години искуство во банкарски сектор, по можност во кредитирање на население;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Добро познавање на локалниот пазар;
  • Добро познавање на банкарските производи;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Можност за самостојна работа;
  • Флексибилност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Скопје” најдоцна до 12.07.2021 година.

Банки

Огласи за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно