Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОЦЕНА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ во Служба за имот, архива и набавки.

Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:

  • Врши процена на пазарна вредност на недвижен имот понуден како обезбедување за кредитите (колатерал), за продажба, купување или изнајмување од страна на Банката;
  • Врши активности поврзани со доделување, контрола и централизирано постапување на извештаи за процена на недвижен имот во соработка со надворешни проценители;
  • Врши репроцена на заложениот имот во Банката на периодична основа;
  • Води точна и навремена евиденција за сите извештаи на недвижниот имот на клиентите на Банката.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома од областа на градежништво / архитектура ќе се смета за предност;
  • Уверение за положен испит за проценувач од област на недвижен имот;
  • 1-3 години работно искуство во областа се смета за предност;
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Возачка дозвола од Б категорија;
  • Напредно познавање на регулативата од областа на процена на недвижен имот.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Референт за процена на недвижен имот” најдоцна до 15.06.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за вработување на:

Банкарски службеник (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање


Популарно