Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ, во Служба за мрежа на експозитури.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Ги надгледува и координира активностите на банкарските службеници во експозитурата и предлага мерки за нивно подобрување;
  • Го поддржува функционирањето на експозитурата во соработка со соодветните единици на Банката со цел да осигури правилно работење;
  • Ги постигнува таргетите за пораст на продажбата, приходите и одржување квалитетно ниво на услуга на клиентите;
  • Ги спроведува и обезбедува соодветните процеси согласно правилата, политиките и процедурите на Банката;
  • Учествува во извршувањето на активностите во рамки на директните контакти со клиентите;
  • Се грижи испораката на потребните документи на клиентите до соодветните единици на Банката да се изврши навремено и исправно;
  • Дејствува како врска со другите единици на Банката со цел подобро да одговори на потребите на клиентите и да го обезбеди нивното задоволство;
  • Го контролира билансот во банкоматите и благајните во Експозитурата;
  • Осигурува постојана примена на политиката за спречување на перење пари и финансирање тероризам во секојдневните деловни активности;
  • Ги прегледува сметководствените документи во однос на нивната соодветност со клиентските / корпоративните сметки.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство;
  • Најмалку 2 години искуство, по можност соодветна раководна позиција во банкарски или друг финансиски сектор;
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Добри организациски вештини;
  • Високо ниво на комуникациски и преговарачки вештини;
  • Одлични продажни вештини;
  • Способност да го следи пазарот и да воочува деловни можности;
  • Можност за самостојна работа;
  • Флексибилност и иницијативност;

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Заменик раководител на експозитура во Скопје”, најдоцна до 26.04.2021 година.

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групацијата објавува оглас за вработување на Брокер во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско – посреднички услуги во Сектор за средства и ликвидност. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање


Популарно