Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје


СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ТЕТОВО, во Служба за мрежа на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:
- Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата;
- Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
- Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања;
- Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
- Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението;
- Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите.
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
- Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство;
- Една година искуство, по можност во банкарство или друг финансиски сектор;
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Добро познавање на локалниот пазар;
- Добро познавање на банкарските производи;
- Добри организациски и комуникациски вештини;
- Можност за самостојна работа;
- Флексибилност.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо може да ги достават на: hr@silkroadbank.com.mk со назнака за “Банкарски службеник во експозитура Тетово”.
Краен рок за доставување на апликациите е 21.01.2021 година (четврток).
Банки
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија


Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 2, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7 и 23 став 2 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија распишува
ОГЛАС
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Северна Македонија,
на определено време (more…)
- Домашни банкипред 2 months
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Анализипред 1 month
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (прв дел)
- Анализипред 4 weeks
Запознајте ја банкарската фела во Македонија (втор дел)
- Анализипред 1 month
Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје