Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО СТРУМИЦА, Служба за мрежа на експозитури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Средно образование, по можност универзитетска диплома
- Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Добро познавање на локалниот пазар
- Добро познавање на банкарските производи
- Добри организациски и комуникациски вештини
- Можност за самостојна работа
- Флексибилност
Дел од работните задачи на банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури се следните:
- Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење;
- Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;
- Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
- Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
- Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото;
- Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата, со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања;
- Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата;
- Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи;
- Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
- Врши вкрстена продажба на банкарските производи.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: vrabotuvanje@silkroadbank.com.mk со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Струмица” најдоцна до 25.04.2023 година.
Силк Роуд Банка замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за приватниот живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.
Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: privacy@silkroadbank.com.mk
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот