Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува “РЕФЕРЕНТ ЗА РИЗИК” во Служба за управување со ризици и нефункционални
кредити.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома пожелно во банкарство/финансии или друга релевантна област;
  • 3 (три) години работно искуство, по можност во областа на управување со ризици во банкарското работење;
  • Добро познавање на регулативата за управување со ризиците во банкарското работење;
  • Добро познавање на техниките за управување со ризиците;
  • Подготовка на извештаи (регулаторни и интерни) и анализи за управување со ризиците;
  • Спроведување на процесот на класификација на клиентот во категорија на ризик и пресметка на исправката на вредност во согласност со регулативата од НБРМ;
  • Активно учество во изработката и развојот на интерни методологии, модели и интерни акти во областа на управување со ризиците;
  • Учество во процесот на проценка, мерење и извештајност на адекватноста на капиталот, согласно на важечката регулатива – адекватност на капиталот, процес на интерен капитал, стрес тестирање);
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Добро познавање на англискиот јазик.

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Одлични аналитички вештини;
  • Одлични организациони вештини;
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката.

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо може да ги достават на contact@silkroadbank.com.mk, најдоцна до 05.11.2018 година.

Банки

Охридска Банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите. Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Стопанска Банка вработува Директор на филијалите во Охрид и Струга

Објавено

на

Директорот на Филијалата, како претставник на Банката во локалната заедница за примарна цел има обезбедување високо ниво на услуга и соработка со клиентите. Во своето делување Директорот пред се, се раководи од законската регулатива и интерните процедури во доменот на работењето на Банката. Се грижи за работната атмосфера и делува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на тимот. Раководи со свој личен позитивен пример и го поттикнува тимот за лична надградба, но и за иницијативност во подобрување на целокупното работење во Филијалата и споделување на информации за пазарните движењата во окружувањето. Одговорен е за воспоставување на редот во Филијалата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице во Секторот за население. За таа цел, Банката објавува оглас за вработување на “Помлад соработник во експозитура”, во Експозитура Дебар, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange