Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје!
Сава осигурување а.д Скопје вработува Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор) – реон Скопје.
Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно – компанијата вложува во кандидатите, во нивната едукација и личен развој
Опис на работно место:
- Изработување на понуди и полиси за осигурување,
- Следење и грижа за наплата на премија за продадени полиси,
- Останати обврски согласно интерни акти на Друштвото,
- Обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Потребни квалификации:
- Завршенo четиригодишно средно образование (ССС), гимназија или друго стручно образование;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители: 3 (три);
- Определено време во траење од 1 месец;
- Скратено работно време кое изнесува 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно;
- Почетна основна нето плата во висина од 9000,00 денари.
- Процент од продажба на основната нето плата.
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Агент во Оддел за едукација на нови кадри во продажба (инкубатор)“.
Рокот за пријавување е заклучно до26.06.2022 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Напомена: Со достава на Вашата апликација на овој оглас за вработување, вие и овозможувате на компанијата да има пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите


Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје