Connect with us

Компании

Оглас за вработување во САВА осигурување а.д. Скопје

Објавено

на

САВА осигурување а.д. Скопје извршува работи од дејноста на неживотно осигурување, со што обезбедува сигурност за клиентите, економска заштита на имотот, возилата и лицата од ризици и гарантира добро работење со капиталот.

Компанијата е посветена на клиентите, иновативна, професионална и етична, успешна во работењето, одговорна кон околината. Вработените се приврзани и задоволни и заедно го градат угледот на Друштвотo.

Пријавете се за агент во Секторот за продажба. Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно – компанијата вложува во кандидатите, во нивната едукација и личен развој.

Работно место:

Агент во Секторот за продажба во САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А Скопје

Опис на работното место:

Работното место агент подразбира:

  • изработување на понуди и полиси за осигурување;
  • следење и грижа за наплата на премија за продадените полиси;
  • комуникација со клиенти;
  • поддршка на активностите на продажната мрежа;
  • останати обврски согласно интерните акти на Друштвото и
  • извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Потребни квалификации:

  • завршено средно образование;
  • познавање на работа со компјутер;
  • комуникативност и продажни вештини;
  • способност за тимска работа.

 Услови:

  • Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
  • Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 7.300,00 денари.
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и работните задачи што му се зададени во текот на работното време.
  • Можност за вработување и професионален развој во реномирана компанија.
  • За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.

Потребна документацијаCV

Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во САВА осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.

Рокот за пријавување е заклучно со 08.06.2020 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Извор: apliciraj.mk

Компании

Оглас за вработување во Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис)

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

(more…)

Продолжи со читање

Популарно