Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување во Сава Осигурување а.д. Скопје

Објавено

на

Дигитализацијата во осигурителниот сектор забрзано расте, а со тоа и неговите ИТ оддели. Како предводници во модернизацијата на нашата индустрија, ние сме отворени за нови предизвици и го прошируваме успешниот ИТ тим на Сава осигурување со нови 2 места.

Затоа, станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

Работно место:

„Самостоен стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

Опис на работно место:

  • Кодирање на програми, односно создавање на програми во бараниот програмски јазик;
  • Тестирање на програмите;
  • Извршување на покомплексни програмски задачи;
  • Предлагање решенија за подобрување на работните процеси во полето на технологии на осигурувања;
  • Предлагање апликациски подобрувања на процесите во полето на технологии на осигурувања;
  • Подобрување на процесите во полето на технологии на осигурувања;
  • Координирање на проектите во полето на технологии на осигурувања;
  • Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

 Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС) од областа на информатичката технологија, односно факултет од инженерско-техничка област;
  • Искуство и познавање на работа од областа на информатичката технологија (програмирање, бази на податоци);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за тимска работа.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 2 (двајца);
  • 1 извршител со работа на определено време од 6 (шест) месеци;
  • 1 извршител со работа на неопределено време;
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со колегите од тимот, како и работните задачи добиени во текот на работното време кое што започнува од 08.00 и трае до 16.00 часот.

 Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Самостоен стручен соработник за процеси во Самостојна служба за ИТ“.

Рокот за пријавување е 5 (пет) дена од последниот ден на објавата на огласот, односно заклучно со 19.09.2019 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Компании

Со еден клик до работа во Македонија, Хрватска, Србија и во БиХ

Објавено

на

Ако сте во потрага по нова работа или прво работно искуство, имате големи шанси за успех бидејќи пред вас е првиот регионален онлајн-саем за работни места во Македонија, Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина! (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Тиго Фајнанс – Специјалист за грижа на корисници

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Првпат во Македонија виртуелни денови за вработување

Објавено

на

Од 16 до 23 октомври Vrabotuvanje.com, во соработка со своите партнерски портали MojPosao, Infostud и Posao.ba, организира онлајн-саем за вработување и едукација „Виртуелни денови за вработување“, на кој ќе имате можност да се запознаете со можностите што ги нудат компаниите, да стапите во директен контакт со нив и да пронајдете работа во Македонија, Хрватска, Србија или Босна и Херцеговина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange