Connect with us

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка за своите потреби објавува

ОГЛАС 

за вработување на позиции поврзани со директна работа со клиенти за кандидати без работно искуство

Потребни квалификации:
• Универзитетска диплома (независно од областа на студии)
• Одлично познавање на Англиски јазик

Лични карактеристики:
• Отвореност во комуникација и желба за работа во тим
• Флексибилност за работа во динамична средина и на локации надвор од Македонија

За повеќе информации следете ги инструкциите за аплицирање на веб страната на Банката во делот “Нашите вработени”. Повеќе информации за процесот на вработување и чекорите на селекција ќе добиете за време на телефонското интервју.

За огласот можете да аплицирате на следниов линк.

Креан рок за аплицирање e до 20.03.2018 година.

Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на селекција. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 90 дена по истекот на рокот за пријавување.

За повеќе информации за ПроКредит Банка прочитајте на:
www.procreditbank.com.mk
www.procredit-holding.com

Банки

Оглас за вработување на 5 лица во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 5 лица на следните работни позиции: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување на Стопанска Банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска Банка АД Битола се стреми кон континуирано унапредување, усовршување и надградување со цел да бидат исполнети сите барања и потреби на клиентите.За таа цел, Банката е во потрага по нови, образовани, талентирани  и високо мотивирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Охридска банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • ИТ поддршка за корисничка околина
  • Инсталирање и конфигурирање на компјутерски хардвер, софтвер, системи, мрежи, принтери и скенери
  • Мониторинг и одржување на компјутерски системи
  • Навремено одговарање на прашања и барања за услуги
  • Обезбедување на техничка поддршка за вработените во компанијата низ цела Македонија
  • Поправка и замена на опрема по потреба
  • Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата, организација на сервис на опремата
  • Тестирање на нови технологии
  • Администрација на ИТ бекап локацијата како втор администратор

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршен електротехнички факултет, отсек информатика или друг факултет за информатички и телекомуникациски науки;
  • Пожелно е кандидатот да поседува сертификати од областа;
  • Познавање на Microsoft Server околина;
  • Тимски играч;
  • Вештини за решавање на проблеми
  • Способност за почитување на строго дефинирани рокови
  • Способност за давање приоритети и делегирање
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 15.07.2018 год. со задолжителна назнака „Апликација за Администратор за поддршка и бекап локација“ на: kariera@ob.com.mk

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.

Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange