Компании
Оглас за вработување во Проект 42


ПРОЕКТ 42 е правен субјект со одобрена лиценца за управител, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување со заеднички делови на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти за домување.
Поради развојни цели на компанијата ПРОЕКТ 42 има потреба од работник на следнава позиција во Куманово:
ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина.
- Свеж пристап кон работните обврски.
- Можност за развој во компанијата.
- Бонуси во зависност од видот и квалитетот на завршените задачи.
- Пријатна работна атмосфера и работа со млад и мотивиран тим.
Потребни квалификации:
- Високо образование.
- Со или без работно искуство.
Лични карактеристики:
- Динамична личност со способност за преземање иницијативa.
- Висок личен интегритет и професионален деловен однос.
- Одлични организациски и комуникациски вештини.
- Прецизен, точен и аналитичен пристап во работењето.
- Способност за работа под притисок во кратки временски рокови.
- Посветеност и одговорност.
- Лојалност.
Заинтересираните кандидати може да ја испратат својата кратка биографија (CV) на емаил: vrabotuvanje@proekt42.mk.
Огласот трае 20 (дваесет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот, односно до 9.6.2020 година.
Изборот ќе се изврши во рок од 10 (десет) дена по истекот на рокот за пријавување.
Компании
Македонски Телеком оствари позитивен финансиски резултат во првата половина на 2022 година


Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. (more…)
Компании
ВФП АД Скопје оствари добивка од 33,7 милиони денари во 2021 година


ВФП АД Скопје преку Македонска Берза објави финансиски податоци и податоци за дивидендатa за периодот 01.01.-31.12.2021 година. (more…)
Компании
Андријана Поповска именувана за извршен член на Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје


На 155-та седница на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија што се одржа на 21 јули 2022 година, КХВ даде согласност за именување на Андријана Поповска за извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје