Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови.

 

Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”.

Приклучете се кон тимот на работната позиција: РЕФЕРЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
Локација Скопје

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

Високо образование, Дипломиран Правник
Положен Правосуден испит
Претходно работно искуство од најмалку 2 години по положениот Правосуден испит
Работно искуство во облста на извршувањето, застапување во судски/управни спорови, подготовка на договори и воспоставување на залог
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MS Office
Возачка дозвола Б-категорија
Тимски играч
Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

Водење на постапки за обезбедување на побарувања-засновање на заложно право врз подвижни предмети (рачна залога) и недвижности (хипотека)
Давање правна помош при изготвување на нацрт-договорите кои ги склучува Банката
Надзор и контрола над работата на надворешните соработници на Банката во делот на правните услуги
Следење и анализа на прописите и регулативите
Обезбедување на правни мислења за потребите на Банката
Во согласност со внатрешните акти учествува во постапката за воведување на нови производи и работни процеси
Правно застапување на Банката пред надлежни институции
Подготовка и водење спорови за наплата на сите доспеани ненаплатени побарувања
Постапува по извршни предмети за наплата на доспеаните ненаплатени побарувања

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 23.02.2017 година на адреса: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „За оглас: Референт за правни работи“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

 

Огласот е отворен до 23.02.2017 година.

 

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитура Кавадарци. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка го проширува својот тим. Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно