Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

• Пуштање и запирање на DBE сесиите
• Менаџирање со SQL логови
• Управување со трансакции и заклучени слогови
• Управување со продукциски системи
• Извршување на скрипти, поставување на дневни процеси и извршување на SQL наредби за потреби на апликациски измени иницирани од страна на техничката бизнис анализа
• Се грижи и е одговорен за целосниот процес на архивирање на базите на податоци
• Одговорен е за конзистентноста на базите на податоци
• Одговорен е за развојот и индексирањето на базите на податоци, нивното мигрирање, мониторинг и инсталации на сигурносни надградби
• Одговорен е за сите барања поврзани со перформансите на базите на податоци
• Одговорен е за управување на сите барања поврзани со репликации на базите
• Одговорен е за управување со растот и големината на базите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  •   ВСС (компјутерски науки/информатичка технологија)
  •   Познавање на Microsoft околина
  •   Солидно познавање на Англиски Јазик
  •   Тимски играч
  •   Вештини за решавање на проблеми
  •   Способност за почитување на строго дефинирани рокови

  •   Способност за давање приоритети и делегирање
  •   Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 05.09.2019 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Апликација за ИТ Администратор на база на податоци – Скопје/ Охрид“.

 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Огласи за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сте мотивирани и сакате својата кариера да ја изградите во Шпаркасе Банка АД Скопје, аплицирајте за вработување на отворената работна позиција и придружете се на успешниот тим на професионалци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно