Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  •   Контакт со кредитокорисници во доцнење
  •   Поддршка на деловни единици и комерцијален сектор во наплата на кредитното портфолио
  • Подготовка на извештаи за статус на кредитно портфолио
  • Го следи процесот на наплата на побарувањата на комерцијалниот сектор
  • Следење на состојби на објекти преземени за наплата и нивна продажба
  • Изработува предлози за реструктуирани кредити
  • Подготовка на извештаи за статусот на кредитните досиеја на проблематични кредити
  • Изнаоѓање решенија и подготовка на предлози за наплата на побарувања

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  •   Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
  •   Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
  •   Развиени преговарачки вештини;
  •   Развиени аналитички вештини;
  •   Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  •   Одлично познавање на MS Office ;
  •   Тимски играч;
  •   Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА

Локација: Скопје

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 11.03.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Референт за наплата“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange