Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународната групација Steiermärkische Sparkasse Group која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

Благајник

Локација: Струмица

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:

  • врши уплати и исплати од денарски и девизни штедни книшки;
  • врши работи од доменот на менувачкото работење;
  • врши уплати и исплати по тековни и жиро сметки и кредити;
  • врши упис на камати;
  • безготовински и готовински платен промет во земјата;
  • изготвува прегледи на крајот од работното време;
  • пополнува образец за редовни трансакции по Законот за спречување на перење пари и врши идентификација на странката;
  • други задачи за потребите на Банката утврдени од непосредниот раководител.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование – Економски Факултет;
  • Со или без работно искуство;
  • Предност ќе имаат кандидати со работно искуство од областа на банкарство или сродна област;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати, добри организациски и комуникациски вештини, доверливост, работа во динамична средина и ориентираност кон тимска работа.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 02.08.2020 година на: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака “Апликација за Благајник Струмица”.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Референт во експозитура Струмица

Дирекција мрежа на експозитури (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Соработник за известување во Одделеление за сметководство и известување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно