Банки
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународна групација која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
Референт за односи со корпоративни клиенти
Локација: Гостивар
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:
Примена на комерцијални цели на банката
- Закажување на состаноци со сегашни и идни клиенти
- Собирање на податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот
- Понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката
- Познавање на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката
- Подготвување на комерцијален предлог за клиентот
- Подготовка на извештаи
Управување на различни видови на трансакции
- Отворање, одржување и затворање сметки
- Примање и обработка на барања за кредит
- Испорака на картички
- Примање и обработка на барање за пречекорување
- Продавање на сите други производи наменети за корпоративни клиенти
- Реактивирање на неактивни сметки
Обврски на надгледување
- Водење на заостанати наплати
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование – Економски Факултет;
- Работно искуство од мин.2 години
- Предност ќе се смета работно искуство во областа на банкарството;
- Одлично познавање на Aнглиски јазик;
- Познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
- Одлично познавање на MS Office ;
- Тимски играч;
- Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 12.03.2020 година на: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака за позицијата за којашто аплицирате.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка