Банки
Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународна групација која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:
Финансиски Аналитичар
Локација: Охрид
ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА:
- Врши контирање, контрола и обработка на изводот од платен промет во земјата
- Изготвува интерни налози за исправка на утврдените пропусти при обработката
- Ја води времената сметка на сметководството
- Анализа на конзистентноста на сметките во главна книга
- Анализа на преодните и времени сметки
- Изработка на извештаи за трошоци
- Изготвува интерни извештаи
- Врши плаќање на фактурите за основни средства,ситен инвентар, канцелариски материјал и други средства и нивна евиденција и следење во соодветна апликација
- Врши финансиска евиденција на основните средства, активирање, продажба, отпис, контрола и усогласување на ОС аналитиката со главна книга
- Врши пресметка на месечната амортизација на основните средства
- Контирање на примени фактури
- Следење и ажурирање на промените и интерните прегледи за преземените средства
- Води евиденција и плаќање на фактурите за режиски трошоци на банката
- Внес на влезните фактури во апликацијата Главна книга
- Влез и обработка на сторно налози во Главна книга
- Плаќање на судски трошоци и нивна евиденција
- Плаќање на административни и други такси, царина и други трошоци
- Прави пресметка и исплата на Дневници и патни трошоци за службен пат во земјата и странство
- Генерирање курсни разлики
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование – Економски Факултет;
- Предност ќе се смета работно искуство во областа на банкарството;
- Одлично познавање на Aнглиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office ;
- Тимски играч;
- Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 01.02.2020 година на: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака за позицијата за којашто аплицирате.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје