Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.  Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

Референт за менаџерска контрола

Локација: Скопје 

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ: 

  • Учествува во изготвувањето на стратегијата, деловната политика и финансискиот план на Банката;
  • Изготвување на буџетот преку валидирање на комерцијалните хипотези со анализа и споредба на динамика и тренд со претходни периоди;
  • Обезбедува следење на остварувањето на целите преку изготвување на извештаи (месечни, периодични, годишни до Органи на Банката);
  • Следење и анализа на деловните резултати (анализа на билансот на состојба и успех, анализа на индикатори, цена на извори);
  • Ги анализира разликите во проекциите на буџетот;
  • Ја следи профитабилноста;
  • Изготвува финансиски анализи и учествува во проектни тимови;
  • Изготвува извештаи за адекватност на капиталот;
  • Ја пресметува интерната стапка на адекватност на капитал и нивото на интерен капитал.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 

  • Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
  • Пожелно е претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
  • Развиени аналитички вештини;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 04.11.2019 година на: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака „Референт за менаџерска контрола – Скопје“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една 1 година.

Напомена: 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово. (more…)

Продолжи со читање


Популарно