Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди отворенa работнa позициja во рамки на коja ќе имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

НЛБ Банка, нуди можност за вработување во Секторот за информатичка технологија на следната работна позиција:

Software developer

Главна цел на работното место е анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, иницирање предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.

Улога во тимот:

  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување нови алатки за релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database) при развојот на апликациите;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци(Microsoft SQL Database);
  • Подготвеност за континуирано стекнување на нови знаења за современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Способност да развие партнерски ориентирани односи со бизнис корисници, крајни корисници;
  • Способност за multitasking со фокус на брза и точна реакција, запазување на рокови и професионален пристап кон работните обврски;
  • Аналитички способности и способност за решавање на проблеми;
  • Одлични комуникациски вештини, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Банката нуди работно место кое носи предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија, работа во тим на успешни професионалци, посветени на иновации, отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата, меѓусебната доверба и соработка, можности за обука и кариерен развој, како и конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк, најдоцна до среда 27 март 2019 година, со избирање на соодветната позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за практична работа во Сектор за информатичка технологија во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка објавува оглас за практична работа во Сектор за информатичка технологија во Централната управа – Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 2 лица за позиција Референт на благајна и Кредитен аналитичар за Штип. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Continue to develop with ProCredit Bank, if you identify with the goals and ethical values of the company, and if you are curious about other countries and cultures. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange