Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди отворенa работнa позициja во рамки на коja ќе имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

НЛБ Банка, нуди можност за вработување во Секторот за информатичка технологија на следната работна позиција:

1 .NET програмер

Главна цел на работното место е креирање и развој на софтверски ИТ решенија, активна комуникација за собирање на потребните технички барања од деловните корисници или бизнис аналитичари во насока на дизајнирање на апликациите на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.

Улога во тимот:

  • Развој на нови front-end / back-end решенија, интерфејси;
  • Надградба на постојните апликативни решенија;
  • Одржување на постојни апликации;
  • Анализа на деловните барања и спецификација на програмско решение;
  • Организација и учество во имплементација на програмски решенија;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Напредни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server;
  • Напредни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML/DHTML, XML, XSLT, Java Script, CSS, Web services, jQuery, Visual studio (поседување на соодветни сертификати ќе се смета за предност);
  • Искуство за изработка и поддршка на апликации ќе се смета за предност;
  • Искуство со управување со проекти ќе се смета за предност;
  • Способност да развие партнерски ориентирани односи со бизнис корисници, крајни корисници;
  • Способност за multitasking со фокус на брза и точна реакција, запазување на рокови и професионален пристап кон работните обврски;
  • Подготвеност за континуирано стекнување на нови знаења за современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Аналитички способности и способност за решавање на проблеми;
  • Одлични комуникациски вештини, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

Банката нуди работно место кое носи предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија, работа во тим на успешни професионалци, посветени на иновации, отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата, меѓусебната доверба и соработка, можности за обука и кариерен развој, како и конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк, најдоцна до среда 27 март 2019 година, со избирање на соодветната позиција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Можност за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје постојано има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати од следните области: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange