Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Секторот за внатрешна ревизија во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да работите на оценка на општата ефикасност на работењето на Банката, следење и почитување на прописите, оценка на квалитетот и ефикасноста на системите за управување со ризиците и интерните контроли во Банката, советување на раководството и вработените, соработка со надворешни ревизорски куќи, развивање и имплементација на стручните стандарди и начела за внатрешна ревизија, Банката ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Ревизор во Сектор за внатрешна ревизија

Работни цели:

  • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизијаи интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
  • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
  • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
  • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачниот за внатрешно ревидирање;
  • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата,  процедурите и интерните упатства за работа;
  • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
  • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
  • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
  • Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
  • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите.

Потребни квалификации и способности:

  • Универзитетско образование од економски науки;
  • Минимум 3 години работно искуство во сегментот на ревизија;
  • Лиценца за овластен ревизор (или ACCA) или во фаза на полагање на испити со право за стекнување на лиценцатаза овластен ревизор;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
  • Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 10.08.2020 година.

Напомена:

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

 НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола заради зголемување на обемот на работа и прифаќање на поранешните клиенти од Еуростандард Банка, има потреба од 4 нови вработувања во експозитурите во Битола на следните работни позиции: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Помлад референт. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Искористете ја можноста за кариерен напредок, аплицирајте за позицијата „В.Д. Раководител на експозитура“ во Регионална дирекција Центар, Сектор за управување со физички лица и станете дел од тимот на Шпаркасе Банка Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно