Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Деловниот сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и да работите во динамична продажна средина, Банката ве мотивира да се пријавите на отворената атрактивна работна позиција:

Банкарски комерцијалист во експозитури

Валандово и Гевгелија 

Работни цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги за физички лица
  • Следење на развојот на пазарот и континуирана грижа за клиентите
  • Постојано унапредување на продажните процеси, банкарските продукти и услуги
  • Проактивно привлекување нови клиенти; збогатување на клиентската мрежа на Банката.

Потребни квалификации и способности:

  • Универзитетско образование од економски науки или сродни профили (или студенти од завршни години);
  • Истакнати комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиентите;
  • Агилност, самоиницијативност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик на средно/напредно ниво.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

–  Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

–  Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;

–  Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;

–  Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 10.08.2020година.

Напомена:

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

 НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола заради зголемување на обемот на работа и прифаќање на поранешните клиенти од Еуростандард Банка, има потреба од 4 нови вработувања во експозитурите во Битола на следните работни позиции: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Помлад референт. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Искористете ја можноста за кариерен напредок, аплицирајте за позицијата „В.Д. Раководител на експозитура“ во Регионална дирекција Центар, Сектор за управување со физички лица и станете дел од тимот на Шпаркасе Банка Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно