Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Доколку сакате да работите во областа на евиденција и плаќање на обврските на Банката кон трети лица по основ на користени добра и услуги, примена на даночната регулатива и интерните даночни политики на Банката и НЛБ Групацијата, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци, НЛБ Банка Ве поканува и мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Соработник за сметководство
Улога во тимот:
- Старателство на податоци, шеми на раскнижување на приливи и одливи од жиро-сметката на Банката кон/од аналитичките евиденции и примена на законски одредби и интерни акти од областа;
- Решавање на спорни приливи и на рекламации на приливи на жиро сметката на Банката;
- Следење на наплата на побарувања од купувачи, координација со надлежни служби, пренос на сомнителни и спорни побарувања;
- Изработка на излезни фактури, раскнижување приливи врз основа на излезни фактури, следење и наплата на побарувањата;
- Работа во полето на даноците: персонален данок на доход, данок од добивка, донации и спонзорства, трансферни цени, задржан данок;
- Подготовка прегледи/извештаи од областа за потребите на одлучување на Банката, НЛБ Групацијата и надворешни институции;
- Примена на законска регулатива од даночната област, примена на политика на даночен штит, даночен консалтинг во Банката, подготовка на прегледи/извештаи од даночна област;
- Комуникација со членките на НЛБ Групацијата по однос на побарувања, обврски и трошоци по интерни односи;
- Комуникација со надворешни институции како Управа за јавни приходи, НБРМ и други органи и институции.
Вашиот профил:
- Висока стручна подготовка (од економска или друга насока);
- Минимум 2 години во сегментот на финансии;
- Познавање од областа на сметководствените стандарди и даночна област ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Изразени иницијатива, комуникациски и тимски способности, темелен пристап кон работата и спремност за промени.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
- Менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 30.11.2022 година (среда).
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за следните чекори до конечниот избор. НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје