Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е во потрага по талентиран и креативен маркетинг дизајнер кој би се придружил на динамичниот маркетинг тим на Банката. Како маркетинг дизајнер, ќе имаш клучна улога во обликувањето и извршувањето на визуелниот идентитет на НЛБ брендот низ различни канали и платформи. Ова е возбудлива можност заедно со останатите вработени значително да придонесеш за остварување на маркетинг целите на Банката.
Ако се гледаш себеси на оваа позиција, имаш желба да растеш и напредуваш аплицирај за работното место:
МАРКЕТИНГ ДИЗАЈНЕР
во Сектор за развој на понуда и маркетинг
Улога во тимот:
- Одржување на визуелниот идентитет на НЛБ Банка и следење на бренд стандардите на НЛБ Групација;
- Графички дизајн, адаптација и контрола на припрема на промотивни материјали согласно бренд стандардите на Банката;
- Дизајн на веб и мобилни интерфејси, банери и други дигитални средства во насока на подобрување на корисничкото искуство на клиентите;
- Креирање на дигитални содржини за социјални мрежи и дизајн на содржини за директен маркетинг;
- Следење на најновите дизајнерски трендови и практики и анализата на конкуренцијата.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование (Адекватно образование во областа на графички дизајн)
- Минимум 2 години претходно работно искуство (предност имаат кандидати со искуство во маркетинг агенција / маркетинг служба во компанија)
- Познавање на промотивните трендови во банкарската индустрија
- Одлично познавање на Adobe алатки за дизајн (Photoshop, Illustrator, Indesign)
- Познавање на други алатки за дизајнирање ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
- Висок степен на одговорност и посветеност
- Тимска работа и професионалност
- Желба за учење и надградување на знаењето
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Водечки регионален и домашен бренд и современо работно опкружување;
- Позитивна организациска култура базирана на меѓусебна доверба, тимски дух, развој на вработените, поттикнување иновации и креативност
- Грижа за целокупната добросостојба на вработените вклучувајќи разновидни програми и активности, флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирани програми за обука и можност за локален и интернационален кариерен развој;
- Учество во проекти и иницијативи на ниво на НЛБ Групација;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучувајќи приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма можат да ги достават на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 04.09.2023 година (понеделник), со назнака за Маркетинг дизајнер.
Кандидатите кои влегуваат во потесен избор ќе бидат контактирани за вклучување во процесот на селекција.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство