Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Доколку сакаш да бидеш дел од тимот кој го води процесот на регрутација на новите колеги во Банката, аплицирај за отворената работна позиција во Центарот за управување со човечки ресурси.
Сениор Регрутер/ Регрутер
Улога во тимот:
- Дефинирање и одредување на потребите за вработување;
- Комуникација и соработка со менаџерите на сите нивоа во насока на идентификување и задоволување на потребите за вработување;
- Управување на целокупниот процес на регрутација;
- Користење на иновативни алатки, канали и извори на регрутирање;
- Одржување на потенцијалната база за вработување преку привлекување, селекција и интервјуирање на потенцијалните кандидати, до финална комуникација, преговарање и доставување на понуда за вработување;
- Учество и креирање на employer branding активностите во делот на регрутација, саеми за вработување и други настани за вработување;
- Имплементација и употреба на електронски алатки за водење и поддршка на процесот на регрутација, вклучувајќи и надворешни алатки, социјални медиуми и портали;
- Унапредување на процесот на регрутација.
Потребни квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на регрутација на кандидати;
- Релевантно искуство од користење на современи алатки и системи за регрутација;
- Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
- Напредно користење на MS Office;
- Високо развиени комуникациски, организациски и аналитички вештини;
- Способност за креативно и иновативно размислување;
- Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален и домашен бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Континуирани програми за обука и индивидуален кариерен развој;
- Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
- Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма можат да ги достават на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 10.09.2023 година, со назнака за Сениор Регрутер / Регрутер.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство