Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Службата за стратешко планирање и финансиски контролинг како носител на процесот на планирање и менаџерско известување е една од службите во Банката која постојано се развива и менува, прилагодувајќи се на современите трендови во банкарството.
Доколку сакате да бидете дел од тим кој работи во динамична атмосфера со прифаќање на секојдневни предизвици, а воедно да работите во тим во кој се негува тимската синергија и позитивната работна атмосфера, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Финансиски аналитичар
Сектор за финансиско управување
Улога во тимот:
- Координација на процесот на планирање оперативни трошоци во Банката,
- Координација на процесот на планирање инвестиции во Банката,
- Редовно следење на исполнување на планот, анализа на причините за отстапки во планот и подготовка на извештаи,
- Анализа на трошковна ефикасност и дефинирање на алокациски клучеви за распределба на трошоци со цел управување на профитабилноста на Банката
- Управување со податоци на Банката за цели на известување од подрачјето на работа,
- Учество во подготовка на стратешки и деловен план на Банката.
Вашиот профил:
- Универзитетско образование;
- Две години работно искуство во банкарска или друга финансиска институција (познавање на финансиски менаџмент, финансиско планирање и контролинг ќе се смета за предност);
- Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint (познавање на сегментот – управување со податоци и Power BI ќе се смета за предност);
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Способност за аналитичко размислување, комуникациски и организациски вештини, способност за тимска работа, самоиницијативност и флексибилност;
- Одговорен пристап кон работата и подготвеност за навремено, квалитетно и професионално извршување на поставените задачи.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
НЛБ Банка ве поттикнува да се пријавите на наведениот оглас со доставување кратка биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложите причините поради кои се пријавувате за ова работно место на mail: NLBКariera@nlb.mk, најдоцна до четврток – 20.04.2023 година.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Странски банкипред 2 months
НЛБ ќе исплати дивиденда од 5,5 евра!