Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Вработените од Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти во Службата за мали и средни претпријатија Ве мотивираат да им се придружите и заедно да ги споделувате секојдневните предизвици во окружување каде главен фокус е управувањето со динамичните процеси, обезбедување на постојана насоченост кон клиенти како и континуирано зголемување на клиентската база на Банката во сегментот на кредитирање на мали и средни претпријатија.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, НЛБ Банка ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист за личен третман
Деловен сектор за работа со корпоративни клиенти

Твоите цели:
• Промовирање, понуда и продажба на банкарски и финансиски продукти
и услуги на правни лица;
• Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на
пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
• Обработка на доставени барања за кредитна изложеност врз база
на претходно изготвена финансиска и кредитна анализа;
• Управување со целокупното портфолио на клиентите;
• Следење и грижа за работењето на клиентите и наплата на
нивните побарувања

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно две години искуство за работа со корпоративни клиенти (работа со правни лица, анализа на финансиски показатели) ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV), најдоцна до 09.04.2023 (недела) на: NLBkariera@nlb.mk.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно