Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Направете го следниот чекор во Вашата кариера!
НЛБ Банка го зајакнува тимот на успешни професионалци и нуди можност за вработување, па во таа насока бара високо мотивирана, организирана и иницијативна личност која ќе ја преземе улогата на Проектен менаџер.
Доколку сте проактивни, креативни, имате добро професионално искуство со работење на проекти и сакате да бидете дел од тимот на НЛБ Банка кој секојдневно се соочува со предизвиците на подобрување на работните процеси преку имплементација на проекти, НЛБ Банка Ве поканува и мотивира да се пријавите на отвореното работно место Проектен менаџер.
Улога во тимот:
- Водење на проектите согласно проектна методологија;
- Изработка на проект план, план за комуникација, дефинирање и доделување на задачи, поставување на контролни точки, тестирање на испорачаните решенија;
- Планирање, менаџирање и следење на проектните активности со цел да се испорачаат на време и во рамките на буџетот, согласно на корисничките спецификации, потреби и квалитет;
- Организирање и мотивирање на проектниот тим;
- Следење на поставените рокови за завршување на активностите;
- Подготовка и анализа на извештаи;
- Редовно известување и информирање за работата, како и промоција на проектот и проектните цели во Банката.
Вашиот профил:
- Универзитетско образование
- Работно искуство од 3 години во сегментот на управување со проекти;
- Посетени или сертифицирани обуки за проектен менаџмент;
- Познавање на scrum методологија ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Аналитички способности и одлични комуникациски вештини, посветеност, лојалност и одговорност, тимско работење и кооперативност, eфективност и ефикасност;
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот;
- Проактивен начин на решавање на предизвиците, донесување одлуки и решавање конфликти;
- Желба за работа во средина со високи барања.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите апликации можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 14 Ноември (понеделник).
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за следните чекори
до конечниот избор.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје