Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка нуди можност за развој на професионалните компетенции и доколку сe стремите кон постигнување на дополнителни резултати и унапредување на процесите, НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате за работното место:

Финансиски аналитичар/моделар
Деловен сектор за финансиски пазари и средства

Улога во тимот на Службата за управување со биланси на Банката:

  • Дневно следење и управување со ликвидноста на Банката;
  • Управување со ликвидните резерви за постигнување на нивна оптимална структура од аспект на профитабилност и капитални барања;
  • Изработка на статички и динамични проекции на парични текови на Банката за управување со ликвидноста;
  • Анализа на макроекономските случувања и движења на меѓународните финансиските пазари и домашниот пазар;
  • Креирање на инвестициона стратегија за вложувања во хартии од вредност за потреби на Банкарската книга;
  • Месечно одредување и имплементирање на интерни трансферни цени и креирање на каматната политика на Банката;
  • Развој на модели во доменот на АЛМ подрачјето и имплементација и прилагодување на групациски финансиски модели;
  • Редовна соработка на групациски и локални задачи, проекти и модели;
  • Изработка на интерни акти по локална регулатива или Групациски стандарди.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Минимум 2 години искуство во сегмент на управување со ликвидност и биланси, финансиско планирање, контролинг или управување со ризици;
  • Предност би имале кандидатите со компетенции и знаења од доменот на статистика, економетрија, математика, финансиско планирање, некредитни ризици;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 10.03.2023 (петок).

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имате желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно