Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје, како банка која е силно посветена на луѓето и континуирано инвестира во своите вработени, продолжува да го поттикнува професионалниот раст и развој на вработените.

Доколку сакате да работите на изготвување на финансиските извештаи на Банката, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Аналитичар – советник за финансиско известување
Сектор за финансиско управување

Активности во службата:

  • Изготвување на финансиски извештаи во согласност со регулативата на НБРСМ, според МСФИ и во согласност со сметководствените политики на НЛБ Групацијата;
  • Координација и надзор на ревизија на финансиските извештаи на Банката од страна на надворешен ревизор;
  • Следење и примена на Меѓународните сметководствени стандарди, Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и Сметковниот план и други законски прописи поврзани со работењето на Банката;
  • Управување со податоците на Банката за цели на известување;
  • Изработка на финансиски анализи и мислења од доменот на работењето;

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Минимум 2 години работно искуство во областа на финансиски извештаи на банки;
  • Познавање на сегментот – управување со податоци и Power BI ќе се смета за предност како и познавање од областа на сметководствените стандарди;
  • Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) на: NLBKariera@nlb.mk, со назнака: Аналитичар – советник за финансиско известување, најдоцна до 03.03.2023 година .

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно