Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Стратегијата на НЛБ Банка вклучува подобрување на дигиталното искуство на своите клиенти и континуирано се фокусира на осовременување на картичното работење, на апликациите за мобилно и електронско банкарство со нови функционалности и сервиси, како и развој и промоција на нови дигитални канали.
Доколку сте амбициозни, аналитични и имате желба за постигнување на дополнителни резултати, придонес кон унапредување и подигнување на нивото и квалитетот на дигиталните услуги кои им ги нуди НЛБ Банка на клиентите и подобрување на постојните и развој на нови иновативни дигитални сервиси, НЛБ Банка Ве поканува и мотивира да аплицирате на отворената работна позиција во Службата за управување и поддршка на самоуслужни продукти во Секторот за платни системи.
Улога во тимот:
- Водење на нови проекти поврзани со воведување на нови сервиси, продукти и фукционалности во делот на картичното работење и дигиталните канали;
- Развој, имплементирање на нови и поддршка на постојни продукти, функционалности и сервиси во сегментот на самоуслужни продукти на Банката;
- Комуникација и координација со надворешните добавувачи за самоуслужните канали, картичен процесор, меѓународните картични системи како и следење на законската регулатива и меѓународните стандарди во меѓународните платни системи;
- Учество во планирање и набавки на АТМ, ПОС, картично работење, како и спроведување на бизнис анализа на наведените сервиси;
- Тестирање и координирање на имплементацијата на нови верзии на самоуслужни продукти, корекции и исправка на неправилности во работењето на сервисите/апликациите;
- Пријавување и следење на барања за развој и усовршување на самоуслужни продукти/сервиси до надворешни добавувачи.
Вашиот профил:
- Универзитетско образование
- 2 години работно искуство во делот на водење на проекти, бизнис анализа и/ или искуство со дигитални сервиси и канали за плаќање.
- Предност би се сметало познавање или претходно искуство во сегментот на картично работење и сертификација за Project management);
- Високо ниво на проактивност, самоиницијативност, спремност и интерес за постојана надградба со нови знаења од технички области и нови трендови во банкарското работење;
- Одлични комуникациски, организациски и аналитички вештини;
- Напредно познавање на компјутерски алатки;
- Одлично познавање на деловен англиски јазик;
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) и мотивациски писма можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 13 Јануари 2023 година.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка