Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Контакт центар во рамки на Деловниот сектор за управување со продажна мрежа има потреба од зајакнување на својот тим во сегментот на корисничка поддршка и комуникација и продажба на банкарски продукти.

Доколку имате амбиции и желби за развој во овој сегмент, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Оператор за телефонска комуникација во Контакт центар

Твоите работни цели:

  • Реализација на дојдовна и појдовна телефонска корисничка подршка и комуникација со клиенти
  • Информирање, промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги за физички и правни лица;
  • Aнализа на проблеми во делот на електронско банкарство, кредити, картички, платен промет и трансакциски сметки како и мониторинг на трансакции;
  • Решавање или проследување на рекламации од клиентите од соодветните служби во Банката;
  • Централизирано контактирање клиенти за потреби на тековно работење.

Твојот профил:

  • Минимум средно образование, Универзитетско образование ќе се смета за предност;
  • Искуство во сегментот на телефонска комуникација или продажба ќе се смета за предност;
  • Солидно познавање на англиски јазик (познавање на албански јазик ќе се смета за предност);
  • Kомуникациски и продажни вештини, ориентираност кон клиентите;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови пристапи во работата;
  • Самоиницијативност и способност за тимска работа и комуникација;
  • Користење на стандардни ИТ алатки.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

*Работното место подразбира сменскa работа во ротација 24/7 како и дневна сменска работа.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно