Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Банката нуди одличен предизвик за примена на вашите лични компетенции и можност за надоградување во сегментот на присилна наплата. Службата за присилна наплата во рамките на Секторот за проблематични пласмани и интензивен третман на клиентите, го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да бидете дел од тимот и имате амбиција за унапредување на процесите, целите и активностите во сегментот на присилна наплата, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:
Правник
Твоите работни цели:
- Квалитетно водење на портфолио на постапки за присилна наплата на физички лица и правни
лица пред надлежни Извршители; - Подготвување и преземање на сите потребни активности и дејствија во рамки на извршна постапка
на начин и рокови согласно Законот за извршување; - Изготвување и поднесување на стечајна или ликвидациона пријава на побарување согласно Законот
за стечај и Законот за трговски друштва, како и преземање на сите потребни активности и дејствија во
интерес на Банката, како доверител, во рамки на отворената стечајна или ликвидациона постапка за
правните субјекти; - Активно учество во процесот на продажба на побарување преку изготвување на писмени правни
мислења, толкување на законски одредби и истакнување на правни ризици согласно позитивната
законска регулатива за предложените продажби; - Анализирање и истакнување на правни ризици за дејствија кои треба да се преземат во текот на
постапките за присилна наплата и изнаоѓање решенија за нивно надминување и минимизирање,
изготвување на писмени правни мислења и толкување на законски одредби во оваа насока; - Предлагање на соодветни стратегии и решенија за успешна реализација на расположливите
интрументи за обезбедување на паричните побарувања и постигнување на значителни резултати
во наплатата на проблематичните пласмани во Банката.
Твојот профил:
- Универзитетско образование, Правен факултет;
- Минимум 2 година работно искуство во сегментот на присилна наплата;
- Познавање на законската регулатива од областа на присилно извршување, стечај, ликвидација, трговски друштва ќе се смета за предност;
- Високо развиени преговарачки,комуникациски вештини ангажираност, способност за управување со стрес и тимска работа;
- Напредно користење на дигитални алатки;
- Одлично познавање на англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци
- Приватно здравствено осигурување.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 23.08.2022 година (четврток).
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер