Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката нуди одличен предизвик за примена на вашите лични компетенции и можност за надоградување
во сегментот на безбедноста.

Доколку во оваа работна позиција препознавте можност за напредување во вашата кариера, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Овластено лице за безбедност

Твоите работни цели:

  • Планирање и управување со имплементација на безбедносни стандарди (технички, механички и
    физички) во сите сегменти на работењето на Банката;
  • Вршење на контрола од подрачјето на безбедност уредени во интерните акти на Банката
    (Експозитури, Банкомати, Трезор, Граѓански сефови, останати локации);
  • Одредување на основни и дополнителни мерки за техничка, механичка и физичка безбедност на
    сите локации на Банката и преземените објекти;
  • Подготовка и имплементација на интерни акти поврзани со делот на техничка, механичка и физичка безбедност;
  • Давање на мислење за безбедносен аспект на локации на Банката за експозитури, банкомати,
    граѓански сефови и останати локации каде е потребно поставување на мерки за техничка,
    механичка и физичка безбедност;
  • Учество во изработката на идејни решенија на проектите за изградба, адаптација или реновирање
    на сите локации на Банката каде е потребно да се имплементираат мерки за техничка, механичка и
    физичка безбедност;
  • Kомуникација со сите внатрешни и надворешни институции во случаи на провала, кражба и
    други штетни настани како и доставување известувања и информации согласно интерните акти на
    Банката;
  • Следење на настаните, евиденција и обезбедување на помош во случаи на закани кон
    вработените, како и подготовка и координација на соодветни мерки за заштита;
  • Следење на иновациите во областа на безбедносните решенија и подготовка на проекти за
    подобрување на нивото на безбедност во Банката;
  • Изработка на извештаи и известување од областа за безбедноста.
  • Контрола на функционалноста на безбедносна опрема и квалитетот на безбедностите услуги од
    надворешните добавувачи;
  • Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за
    видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап);
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката;
  • Спроведување обука од подрачјето на безбедност во насока на подигнување на безбедносната
    свест и култура на вработените.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование- универзитеско образование од областa на безбедност ќе се смета за
    предност;
  • Познавање и следење на стандардите од областа на безбедноста;
  • Компетенции за изготвување на извештаи, упатства за работа и процедури и давање на стручни мислења и советување во однос на техничките, механичката и физичката безбедност на локациите на
    банката и преземените објекти;
  • Високо ниво на свесност за безбедносните процедури;
  • Високо ниво на доверливост, интегритет и комуникациски вештини;
  • Напредно користење на дигитални алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 18.08.2022 година (четврток).

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имате желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно