Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Секторот за информатичка технологија има потреба од зајакнување на својот тим во сегментот на спроведувањето и воспоставување на внатрешни контроли, нивно извршување и следење со цел обезбедување успешно и ефикасно работење, заштита на податоците, информирање, комуникација, расположивост на информацијата, контролни активности и превземање на мерки со цел подобрување односно корекција на настанати грешки во позадинските обработки на целото портфолио на Банката.

Доколку имате амбиции и желби за развој во овој домен, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Оператор за масовни обработки
во Секторот за информатичка технологија

Твоите работни цели:

  • Реализација на масовните обработки на податоци по добиени инструкции и упатства;
  • Следење и документирање на процесот на извршување на масовните обработки на податоците, спроведување на контроли за правилно извршување на активностите преку преглед на контролни извештаи;
  • Констатирање на настанати грешки при книжењето и обработките, разрешување, координација или пријавување до деловната страна и развојните проектанти во ИТ секторот;
  • Соработка во планирањето на активностите и информирање;
  • Спроведување на постапки за безбедност, заштита и квалитет.

Твојот профил:

  • Минимум средно образование;
  • Познавање на позадинските процеси за книжење на портфолиото на Банката ќе се смета за предност;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови пристапи во работата;
  • Аналитички вештини, способност за тимска работа, комуникација, координирање на активностите надминување на проблеми/конфликти;
  • Користење на стандардни ИТ алатки.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Работното место подразбира сменска работа, односно смена во попладневните и смена во ноќните часови.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 05.08.2022 година (петок).

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно