Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
Центар за усогласување со прописите и интегритет го зајакнува својот тим на успешни професионалци и нуди можност за работење во Сегментот за спречување на перење пари. НЛБ Банка Ве поканува да се приклучите на АМЛ тимот и заедно да ги споделувате предизвиците на работењето на сегментот на заштита од перење пари и финансирање тероризам на НЛБ Банка.
Улога во тимот:
- Создавање и воспоставување на процесно ориентирана работна организација;
- Следење и тестирање на ризиците од неусогласеноста на работењето на Банката со прописите;
- Анализа од аспект на примената на правилата и обврските кои произлегуваат од Законот за спречување на перење пари;
- Развој и имплементација на мерки за намалување на ризикот од перењето пари;
- Изработка на интерни акти и контрола на примената на интерните акти за примена на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
- Вршење анализа на сомнителни трансакции и подготвување на извештаи за сомнителни трансакции;
- Учество и водење на постапки за штетни однесувања и други видови на злоупотреби;
- Континуирано и ефикасно советување на Менаџментот на Банката.
Твојот профил:
- Универзитетскo образование;
- Работно искуство од минимум 2 година во сегментот за спречување на перење пари;
- Добро познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;
- Добро познавање на сегментот за истражување на сомневање за штетно однесување, преземање мерки и заштита на пријавувачите;
- Високо ниво на пишуван и говорен англиски јазик.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
*Ќе се цени доколку потенцијалниот кандидатот има сертификат за работа со класифицирани информации степен “Доверливо”.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 04.10.2022 година (Вторник).
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство