Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Направете го следниот чекор во Вашата кариера!

НЛБ Банка продолжува да креира можности за професионален развој на атрактивни менаџерски позиции на Б-1 ниво.

Од Банката веруваат дека ова претставува одличен предизвик за примена на вашите лични и менаџерски компетенции и извонредна прилика за високо влијание на остварувањето на деловните цели на НЛБ Банка. На оваа позиција ќе имате прилика за организирање, координирање и водење на еден специфичен и суштински банкарски процес, како и за унапредување на работните активности во секторот, зголемување на портфолиото и конкурентската предност на Банката.

Доколку во оваа работна позиција препознавте можност за напредување во вашата банкарска кариера, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција.

Улога во тимот:

  • Создавање и воспоставување на процесно ориентирана работна организација;
  • Ефективно управување, контрола и следење на готовинската ликвидност (домашни и странски валути) за НЛБ Банка АД Скопје, Централен трезор и сите експозитури во Деловниот сектор за управување со продажната мрежа;
  • Спроведување и контролирање на основните процеси – готовински услуги (ракување, обработка, транспорт) и услуги на банкомат (полнење и празнење);
  • Обезбедување на највисоки безбедносни стандарди за обработка на готовина и услуги за транспорт на готовина;
  • Комуницирање и развивање деловни односи со другите комерцијални банки во Македонија за транспорт на готовина и услуги за обработка на готовина;
  • Развивање и следење на портфолиото на клиентите за производот за наплата на готовина;
  • Обезбедување квалитетно управување со банкоматите во Банката и банкоматите на другите комерцијални банки со фокус на достапноста на банкоматите;
  • Спроведување на cost-benefit анализа со цел потврдување или промена на деловниот модел на готовинскиот центар;
  • Планирање на инвестициите и трошоците на секторот;
  • Организирање и делегирање на работните задачи и евалуација на работата на вработените;
  • Континуирано подобрување, оптимизација, автоматизација и дигитализација на оперативните процеси;
  • Прилагодување на активностите во секторот кон новите технологии и напредните работни практики;
  • Фокусирање на контролите на секторот, согласно методологиите на Групацијата за спроведување на контроли;
  • Комуникација со NLB d.d. и усогласување со минималните стандарди на НЛБ Групацијата за готовинско работење и локалното законодавство;
  • Одговорен за висококвалитетна комуникација со надлежните органи, како и за точноста на податоците во извештаите од секторот;
  • Известување до членот на Управниот одбор (CFO), неделно и месечно известување;
  • Воспоставување и подобрување на организациската култура во секторот.

Потребен профил:

  • Универзитетско образование;
  • Најмалку 3 години менаџерско искуство.

Стручни компетенции:

  • Познавање на банкарски процеси, локалната економија и конкуренцијата;
  • Високо ниво на знаење на интерни акти и регулативи, како и релевантна домашна регулатива поврзана со делокругот на активностите на секторот и стандардите на НЛБ Групацијата;
  • Познавање/искуство со платежни системи, управување и транспорт на готовина;
  • Високо ниво на свесност за безбедносните процедури во трезорот и транспортните операции;
  • Високо развиени преговарачки и комуникациски вештини;
  • Знаење за купување, продажба и транспорт на домашни и странски средства;
  • Детална способност за следење и контролни вештини, менаџирање со алатки за анализа на податоци со цел да се оптимизираат активностите и да се подобрат резултатите во работењето;
  • Напредно користење на дигитални алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Раководни компетенции:

  • Стратешки компетенции (стратешко планирање, ориентација кон цели, способност за донесување одлуки);
  • Менаџерски компетенции (ориентација кон цели, управување со перформанси, ангажман за мотивација, решавање конфликти, менторство и развој на наследници, управување со вработени);
  • Организациски компетенции (делегирање, отганизирање);
  • Ориентираност кон градење на ефективни односни со внатрешни и надворешни клиенти);
  • Критичко и аналитично размислување (логика, расудување и анализа за решавање на проблемите);
  • Лични клучни компетенции (одговорност, етика, самоиницијативност, емоционална интелигенција/емпатија, личен раст).

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии и мотивациски писма можат да ги достават на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до среда 03.08.2022 година.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува две лица во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Соработник за корисничка и техничка поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно